| |

Во четвртокот чаршијата празна, а цел Прилеп на стендап во Цепенков во организација на ГОЦЕ БАЛАДА И “БАЛАДА АРТ ПРОДУКЦИЈА”

Сподели го ова:


























Во четвртокот вечерта, молкот и тишината беа единствената слика која доминираше во прилепската чаршија, и на прилепскиот плоштад. А како да има луѓе во центарот на Прилеп, кога нашиот прилечанец Гоце Балада и “Балада Арт Продукција”, повторно организираа уште еден совршен-беспрекорен настан – настан за паметење!

Овој пат изборот на Балада беше неговиот пријател, најбараниот комичар и мајстор за стендап шоу – Никола Тодороски . Покрај неговите настапи кој овој месец Никола ги имаше во голем број на градови низ Македонија (Охрид, Битола, Скопје…) по барање на прилепската публика Балада Арт Продукција повторно го донесе и во Прилеп.

Имено, само еден ден пред Никола Тодороски да настапи во Прилеп, во средата во Битола во организација на Балада Арт Продукција битолската публиката се “пукна од смеење” на шегите на Никола Тодороски. По барање на тамошната битолска публика се очекува и уште еден настап во Битола во организација на Балада Арт Продукција. Сето ова е доказ дека Никола Тодороски е ЦАРОТ НА СТЕНДАП НАСТАПИТЕ ширум Македонија, а веќе извесен период неговите настапи се бараат и во Србија.




Сподели го ова:

Слични објави