Изминатото деноноќие, најмногу дожд имаше во Прилеп и Берово
Изминатото деноноќие најмногу дожд заврна во Прилеп и Берово и тоа 24 л/м2. Веднаш после овие два градови, следат Крушево 18, во Штип 13, во Крива Паланка, Виница и Ѓуриште 12, во Претор 8, на Попова Шапка-7, во Скопје – Зајчев Рид и Пожаране 6, во Маврови Анови и Лазарополе 2 и во Тетово и Битола по 1 л/м2.
Денеска времето ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силни електрични празнења, силен ветер и услови за изолирана појава на град. УВ=7