Пронајдени 88 мигpaнти во прилепска сканија

Сподели го ова:
























Денеска во 00.15 часот на м.в. „Нова петла“ во Гевгелија, полициски службеници од ПС- Гевгелија, го лишиле од слобода лицето А.С. (35) од село Ињево-радовишко.

Полициските службеници на лице место го запреле товарно возило „сканиа“ која била со прилепски регистарски ознаки. При прегледот на полуприколката на сканијата, биле пронајдени вкупно 88 лица мигранти-од кои 12 биле малолетници.

Веднаш после откривањето на овој случај, мигрантите биле сместени во прифатно-транзитниот центар „Винојуг“ -Гевгелија, додека пак А.С. бил задржан во полициска станица, при што по целосно документирање на случајот, против ова лице ќе биде поднесена соодветна пријава.




Сподели го ова:

Слични објави