|

УТРЕ СИТЕ НА ВЕЛОСИПЕД: Минатата година имаше над 600 прилепчани кои учествуваа на оваа рекреативна трка

Сподели го ова:


























Традиционално утре 24 мај, на големиот празник на сесловенските просветители „Св. Кирил и Методиј“, ќе се одржи манифестацијата „Сите на велосипед“, чија цел е промоција на велосипедите, заштитата на животната средина и здравиот начин на живот.

Минатата година, на оваа рекреативната тура „Сите на велосипед“ имаше над 600 учесници. Возењето на велосипед пред се го зајакнува здравјето а исто така претставува превозно средство кое што не ја загадува нашата животна средина и со кое што многу побрзо и поедноставно ќе стигнете до вашата дестинација. Па затоа поради сите овие добри и корисни причини сакаме да апелираме до сите наши сограѓани, што повеќе да ги користат своите велосипеди и да го чуваат и одржуваат своето здравје и во исто време да ја чуваат животната средина.




Сподели го ова:

Слични објави