Промовиран винскиот бар на Винарија Пирган

Сподели го ова:
























По повод одбележувањето на празникот на лозарите и винарите Св. Трифун градоначалникот на oпштина Прилеп, Борче Јовчески и претседателот на Советот, Дејан Проданоски денска ја посети Винаријата Пирган.  Оваа година прилепската винарија во знак на одбележување на светецот заштитник на винарите и лозарите го пушти во употреба Винскиот Бар каде прилепчани и туристите ќе можат да уживаат во дегустацијата на сортни вина.

На презентацијата пред присутните гости зборуваше винологот, Јове Ангелески кој истакна дека прилспскиот регион што е према Тетебуле, Каракламен и Златоврв е еден од најстарите вински региони на Балканот каде можат да се сретнат преку 40 –сет камени кади каде што се гмечело грозјето и се правело вино од разни периоди, од антиката, од средновековниот период и од поновото времеВинологот Ангелески исто така истакна дека првото огранизирано плантажно обработување на лозје и производство на вино од автохтони сорти во овој регион се појавува во 1928 година кога Петар Попантоски дипломирал лозарство и овоштарсво во Прага и тука на три – четири хектари насадил плантажно лозје за преработка на квалитетно вино. 50-тите години, додаде Јовески традицијатасо винарството ја продолжува старат визба „Црвени стени“ на некаде 80 хектари сопствени лозја а денеска, веќе 4 века,традицијата ја продолжува Винаријата Пирган.

Влатко Анчев, консултант – енолог во Винарија Пирган  обраќајќи се пред присутните гости истакна дека во во 2015 година направен е бизнис план и инвестирано е во нова опрема, купена е нова преса и ново ладење кое е едно од најсовремените во државата, мали танкови и   бочви при што се постигнати услови за креирање на нови сорти на вино. Анчев истакна дека веќе во 2018 годинавинската визба го има во својот асортиман Шардоне, Вранецот кој е од тиквешко виногорје, од Горни Дисан кое што е со 16%алкохол, доста моќно вино, Мерлоти Каберне одлежани во буре. Како Винарија Пирган  сме на прав пат но ни претстојат уште многу задачи и цели кои треба да ги исполниме, додаде во своето обраќање, консултант – енолог во Винарија Пирган, Влатко Анчев. По повод празникот и промоцијата на Винскиот Бар беше организирана дегустација на различни сотри на вино и прошетка низ производствениот капацитет каде беше презентиран начинот на добивање на вино.




Сподели го ова:

Слични објави