СРЕЌЕН РОДЕНДЕН! КЛУБОТ ЗА ЕСТЕТСКО РИТМИЧКА ГИМНАСТИКА “АВАНТГАРД” СЛАВИ 8 ГОДИНИ УСПЕШНО ПОСТОЕЊЕ
Клубот за естетско ритмичка гимнастика “”АВАНТГАРД” – Прилеп, прослави цели 8 години успешно постоење. Станува збор за популарниот ритмичко – гимнастичарски клуб кој што каде и да се појави секаде освојува голем број на награди, како на домашните така и на меѓународните натпревари, од каде што се враќа со грст медали.
“Иднината им припаѓа на оние што веруваат во убавината на своите соништа”. СРЕЌЕН РОДЕНДЕН!!! Да се множат години, исполнети со среќни и задоволни дечиња!!!