Отчетот на градоначалникот Саботковски покажува голем број на реалзиирани проекти за период од само неколку месеци
Отчетот на градоначалникот Саботковски покажува голем број на реалзиирани проекти за период од само неколку месеци. Имено, Градоначалникот на Општина Могила-Драганчо Саботковски вчера го презентираше ОТЧЕТОТ пред граѓаните на својата општина. Во прилог Ви пренесуваме што изјави овој успешен градоначалник:
“Почитувани присутни, почитувани сограѓани, почитувани медиуми.Поминаа 100 дена откако ја извршувам функцијата градоначалник на општина Могила. Сто дена заедно со мојот тим, Советот, општинската администрација и комуналнотo претпријатие работиме дисциплинирано, домаќински и вредно ги исполнуваме барањата на жителите за подобра и просперитетна општина Могила.Транспарентноста во работата е еден од најважните сегменти за успешна работа на градоначалникот и затоа моите сограѓани секогаш ќе бидат вклучени во креирањето на општинскиот Буџет.Најголемиот предизвик со кој се соочив во почетокот на мојот мандат е катастрофалната финансиска состојба.Тешко е да започнeш од нула, но уште потешко е да започнeш од минус. Општина Могила е задолжена околу 30 милиони денари што е сериозна сума за општина како нашата. Буџетот на општина Могила практично го наследив со 695 751 денар, односно само 11 000 евра на сметката. Три дена по избори следуваше исклучување на електричната енергија во општинската зграда поради неплатен долг, а извршната наплата од 1 300 000 денари на денот на примопредавањето на градоначалничката функција предизвика дополнителен проблем со што општинската администација остана без плата за месец октомври. Не се исплатени ни паушалите за 6 месеци за претходните членови на Совет на општина Могила. Опомени и тужби пред извршни наплати за милионски суми пристигнуваа изминатиот период. Блокирани сметки на училишта и куп проблеми кои се таложеле. За репрезентација, сметки по кафани и ланџ-барови потрошени се 39 000 евра за четири години. Вработени кои не доаѓале на работа, тендери со надминати суми од основниот договор, без потпишани анекс-договори и низа други неправилности се дел од причините што бараме од Државниот завод за ревизија да изврши контрола на досегашното работење.
Дел од локалните функционери од СДСМ на чело со бившата градоначалничка 4 години не ги плаќале месечните обврски кон комуналното претпријатие за отпад и канализација, а воедно немаат и содветни договори и уплати за приклучок за канализација, иако ја користат. Со ова направија штета на комуналното претпријатие и ги оставија вработените со неколку задоценти плати. Моменталниот долг на комуналното изнесува 3 милиони денари, што е показател на недомаќинското и лошо работење.Иако наследивме општина со задолжување и низа нефункционални проекти успеавме да се насочиме кон ревитализација на истите и пристапување кон реализација на нови. Во изминатиот период од 100 дена се реализираа низа на активности за подобрување на сите сфери на живеење во општината.
Со општинската механизација реализиравме низа акции за чистење на општина Могила. Со уредување и чистење на парковите во поголемите населени места и одржување на јавна чистота успеавме да исчистиме повеќе локации.
Се расчисти покрај патот на влезот на село Долно Српци. Со работа со општинскиот скип се донесе вода до црквата „Пресвета Богородица“ во село Мусинци. Во село Добрушево се чистеа каналите од дрвја и грмушки на критичните места.
Во декември се опреми Мултифункциониот објект во село Могила. Канцеларијата за матичната служба е опремена како и делот во кој ќе се склучуваат бракови. Опремен е просторот за нова библиотека во Могила, просторот за изложби и салата за работни средби. Дел од градежните активности за мултифунционалниот објект во село Добрушево се завршени. Во наредниот период следува фасада и внатрешно уредување.
Општината работи на подобрување на енергетската независност и намалување на давачките за набавка на електрична енергија. Во тек е проектот за подобрување на енергетската ефикасност во јавниот сектор, кој опфаќа поставување на фотоволтаици за производство на електрична енергија на покривите на спортската сала во Могила и основните училиштата во Добрушево и Ивањевци. Овој проект е од особена важност во период на енергетска криза и е можност за подобро менаџирање со истата.
Заедно со градоначалниците од регионот потпишавме Меморандум за поддршка и унапредување на демократските процеси во рамки на Проектот „Зајакнување на луѓето од Пелагонија“. Целта на оваа соработка е активно учество на младите од руралните средини и зајакнување на демократските процеси. Предлог-проектот од младите ќе се реализира до септември. Финансиски е поддржан од Амбасадата на Холандија преку програмата МАТРА и кофинансиран од општина Могила.
Почната е репроценка на имотите со цел ажурирање на податоците за имотот и даночни обврзници во сите населени места во општината преку проект „Зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите“ кој се реализира во соработка со USAID.
Во однос на дигитализација на услугите што ги нуди општината, жителите имаа можност електронски да достават предлог-проекти и идеи и учествуваа во креирањето на Буџетот на општината за 2022 година. Ја ставивме во функција алтката за пријавување проблем со која жителте имаат можност да нѐ известат за проблемот и да добијат навремено решение. Седниците на Совет се јавно објавени, како уште еден чекор за подигнување на транспарентноста.
Секој ден е приемен, достапен сум за сите, општинската зграда е отворена и се залагаме за навремена услуга.
По повод новогодишните празници поделивме пакетчиња за сите деца во основните училишта и во центрите за ран детски развој и организиравме детска новогодишна претстава пред општинската зграда.
По повод празникот Богојавление Водици за среќните верници кои го извадија Крстот од светите води беа обезбедени парични средства и соодветни подароци.
Во тек е и повик за финансиска поддршка за сите спортски клубови и организации од општина Могила преку јавен повик за доставување на барања.
Врз основа на предизборната програма и со одлука на Советот на општина Могила еднократната финансиска помош за новороденчиња е зголемена на 5000 денари.
Воспоставивме соработка со Црвен крст Битола. На територијата на општина Могила дониравме хуманитрарни пакети за социјално загрозени семејства. Над 30 барања за социјална парична помош се исплатени во месец јануари.
Над 20 предмети за легализација се потпишани и доставени.
Поднесени се повеќе од 400 барања за проценка на штети од земјотресот. Комисијата за проценка на штети од општината во следниот период ќе излези на терен да ја утврди фактичката состојба и ќе ги достави до Владата на Република Македонија за понатамошна исплата.
Започнавме со подобрување на условите во образованието, во тек е опремување на основните училишта во општина Могила со потребните наставни средства и помагала за поефективна реализација на наставата.
Овој месец со Здружението Еко Логик склучивме Меморандум за соработка за воведување на Програмата за „Вело Училишта“ во основните училишта, со која ќе се зголеми и унапреди знаењето за темите велосипедизам, аерозагадување, климатски промени и безбедност во сообраќајот кај децата.
Набавивме нови водоводни пумпи за селските водоводи за пиење и ги заменивме старите кои беа скапи за сервисирање и одржување.
Ова зима со добра координација, со помош на жителите и општинската механизација успешно се справивме со чистењето на снегот.
Могила е земјоделска општина, на најголем дел од жителите земјоделството им е основно или дополнително занимање. Како градоначалник застанав до тутунарите кои изразија револт поради ниската откупна цена на тутунот и јавно ја поддржав иницијативата за измени на Законот за откуп на тутун. Согласно мојата програма за применување на сет-мерки за обуки и информирање на земјоделците ја организиравме првата трибина „Европски можности за македонското земјоделство“ на која земјоделците имаа можност да се информираат за можностите и финансиска поддршка на инвестиции од европските фондови преку ИПАРД програмата.Иако направивме многу, сè уште сме на почетокот од нашиот мандат. Проблемите кои се создавале, таложеле изминатите години, нема да исчезнат преку ноќ, но затоа заедно со вас, посветено и секојдневно работиме на решавање на истите. Твориме за идните генераци, да оставиме белег и подобро утре за сите.Ќе дадам краток осврт за дел од проектите што ќе се реализираат во 2022 година.
Ќе биде рекунструира главната улица „Широка“ во должина од 1200 метри. Проектот опфаќа комплетна изработка на коловозната конструкција, изградба на тротоари од двете страни на улицата, кружен тек и атмосферска канализација.
Го коригиравме и надополнивме проектот за изградбата на првата градинка во село Могила со капацитет од 30 деца, што ќе започне со изградба оваа година, со што ќе се реши проблемот на многу родители.
Конечно индустриската зона Петилеп започнува инфраструктурно да се уредува. Оваа година ќе се гради водовод во зоната.
Ќе започне и изградбата на главен доводен цевковод за водоснабдување на селата Беранци, Долно Српци, Вашарејца, Лознани, Ивањевци, Свето Тодори и Трновци финансиран од средствата од ТАВ Македонија.
Започната е постапка за соработка со Водовод – Битола за реконструкција на водоводната мрежа и поправка на сите постоечки затворачи, со цел дефектот да биде саниран локално, а останатите краци да имаат вода.
Оваа пролет планирани се акции за пошумување на околината на општина Могила, во соработка со Македноски шуми, училиштата и жителите.
Тампонирањето на улиците низ населените места ќе ни биде приоритет.
Во наредниот период ќе се изработи и проектна документација за приоритетите што ги предложија жителите во нивните населени места.Секојдневно и неуморно работиме проектите кои ги ветивме да станат реалност. За иднината за која се бориме и иднината која ја заслужуваат моите сограѓани. Со домаќинско работење ги исполнуваме ветувањата, создаваме нова иднина, промените се видливи. Ќе биде подобро бидејќи друга опција нема.Отчетот е наша одговорност, така и ќе продолжиме, јавно и транспарентно. Тука сме за народот, со работа, чесно кон промените што носат иднина”-истакна Градоначалникот на Општина Могила-Драганчо Саботковски