Свечено одбележан патрониот празник на ООУ Круме Волнароски – Тополчани
Kруме Волнароски пред 79 години херојски го положи животот во Народно Ослободителната Војна за конечна слобода на Македонија. Имено, денеска свечено беше одбележан патрониот празник на ООУ Круме Волнароски во с. Тополчани со пригодна програма подготвена од наставниците и директорот на училиштето Дејан Бунтески.
Имено, централното училиште е лоцирано во Тополчани, а подрачните училишта кои се во склоп на ова училиште се лоцирани во следниве населените места: Старо Лагово, Чепигово, Клепач, Алинци, Ново Лагово, Галичании, Беровци и Загорани. Значи станува збор за повеќе училишта кои дејствуваат во склоп на централното училиште во Тополчани, па како резултат на тоа, Бунтески е оној вистински избор за директор кој што веќе по втор пат успешно се снаоѓа со целокупното менаџирање во образовниот процес.
Делегации од Општина Прилеп и Советот на Општина Прилеп заедно со претставници на основните училиштa, положија свежо цвеќе пред бистата на Круме Волнароски во ООУ “Круме Волнароски” во Тополчани, во знак на неговиот прерано загинат живот во борбата за слободна Македонија. Уште еднаш, нека е честит патрониот празник на ООУ „Круме Волнароски“ и нека му е вечна слава!
Изминатата година имавме над 30 милиони денари инвестиции во образованието и нашите општински училишта, оваа 2023 година продолжуваме активно и со исто темпо. Сакам да им ги честитам патроните празници на основните училишта „Кире Гаврилоски-Јане“ и „Круме Волнароски“, многу успех на сите дечиња и да изразам честитки до директорите и колективите на овие училишта за досегашните инвестиции, како и тоа дека имаат максимална поддршка од Локалната самоуправа за сите идни проекти, со кои што континуирано ги подобруваме условите за работа и учење во образовниот процес во општина Прилеп. Нашите прилепчани Kруме Волнароски и Кире Гаврилоски-Јане пред 79 години херојски ги положиле животите во Народно Ослободителната Војна за конечна слобода на Македонија. Убиени се во заседа на бугарската полиција борејќи се до последен здив и пеејќи за Македонија. Воедно денес го одбележуваме 9 Мај, Денот на победата над фашизмот! На овој ден се потсетуваме и даваме почит на Методија Андонов -Ченто како претседател на АСНОМ, со што се удираат темелите на независна Македонија. Нека му е вечна славата на загинатите херои! – истакна прилепскиот градоначалник Борче Јовчески.