Учениците од прилепските средни училишта ја покажаа својата хуманост за малиот Андреј
Учениците од СОУ „Ристе Ристески – Ричко“ Прилеп како и од другите средни училишта од градот ја покажаа својата хуманост учествувајќи на Хуманитарен турнир во футсал кој се одржа на 23 и 24 Ноември во спортската сала на индустриското училиште во Прилеп.
Средствата ќе бидат донирани за лечење на малиот Андреј Христовски кој боледува од Душенова мускулна дистрофија. Од училиштето, голема благодарност упатуваат до организаторите „Младинската огранизација – Ричко“, Сообраќајната единица од Ричко, медицинските лица др. Верица Миноска и медицинските сестри Наташа Ангелеска и Даниела Мицеска, професорите по спорт од СОУ „Ристе Ристески – Ричко“, учениците од спортската гимназија за нивната хуманост и несебична поддржка во текот на двата дена од турнирот.