ГАЛЕРИЈА: УБАВАТА СНЕЖНА – “ПРИЛЕПСКА МОГИЛА”
Колку е убав Прилеп-нашиот Прилеп, посебно кога доаѓа зима, и кога прилепските улици ќе бидат покриени со снег. Насекаде мириса на зима, а и време е – нели? Нашата екипа вчера беше на Паркот на револуцијата – нашата прилепска Могила која што како вистинска снежна убавица на ноемвриското сонце позираше пред објективот на STANICA.MK.
Во прилог, погледнете ја галеријата од снежната прилепска Могила, па така да денеска веднаш после работа, можете да го посетите Паркот на револуцијата и додека е сеуште ден, да се опуштите од работните обврски, да уживате во снегот, и во убавите сончеви зраци.