|

Грижоски: “Денес свечено прославуваме цели 20 години успешно постоење на Fast Food – Snickers Grizo”

Сподели го ова:




Најактуелниот прилепски информативен портал “STANICA.MK” како најактуелен портал кој што со официјална видео поддршка е поддржан од страна на голем број на естрадни ѕвезди како што се Миле Кузмановски, Јоце Панов и многу други, секогаш соработува со најактуелните. А она што моментално денес е најактуелно е тоа што најдобриот Fast Food во Прилеп- “Fast Food – Snickers Grizo”, слави 20 годишно постоење, а по тој повод направивме ексклузивно интервју со сопственикот Филип Грижоски, кој што благодарение на него, прилепчани цели 20 години може да уживаат во вкусна брза храна која што ја подготвува тимот на “Fast Food – Snickers Grizo”. Искрено, 20 години за да се опстои на еден пазар, потребно е да се понуди вистински квалитет и вистински подготвена брза храна, а дека може успешно да се опстои, доказ е и “Fast Food – Snickers Grizo”. Оваа успешна приказна започнува пред 20 години. Станува збор за успешна приказна која долги години ја гради сопственикот Филип Грижоски, а во однос денешната прослава еве што тој изјави за најактуелниот прилепски информативен портал STANICA.MK: “Да, точно е сето тоа што го кажавте. “Fast Food – Snickers Grizo” постои цели 20 години, а како што знаете и сами, за да се опстои цели 20 години мора да се понуди вистински квалитет. Кај нас, нашите постојани муштерии се секогаш на прво место, нашето мото од секогаш било тие да бидат задоволни, па после сето друго останато. Искрено, можеби сето тоа направи успешно да опстоиме цели 20 години, и како што рековте претходно, да станеме препознатлив Fast Food бренд во Општина Прилеп”.Г-дине Грижоски, како започна Вашата успешна приказна?

Искрено, “Fast Food – Snickers Grizo” го отворивме пред точно 20 години во месец Септември 2001 година…Започнавме како Fast Food –ресторан кој беше во уличката пред самата прилепска Гимназија. Уште од тогаш, заедно со мојот тогашен партнер Методија Петроски (бидејќи на почетокот бевме двајца) кој во оваа прилика официјално го поздравувам, се стремевме на самиот старт на нашите муштерии да им понудиме вистински квалитет, квалитет кој што уште од самиот старт ќе биде препознатлив, а во однос на тоа-се надевам дека успеавме, бидејќи задоволството на потрошувачите е оној последен збор. Со текот на времето, постојано се усовршувавме и во однос на квалитет и во однос на екстра мени кога е во прашање брзата храна. За време на училишната година, освен постојаните стандардни гости, најредовни посетители ни се учениците и средношколците…Искрено, големо задоволство ми причинува кога подготвуваме храна за учениците и средношколците….Убаво е да се видат задоволни млади лица кои секојдневно навраќаат во “Fast Food – Snickers Grizo”. Од учениците поминаа многу генерации, и со поголемиот дел од нив постојано се гледаме низ прилепската чаршија. Мене многу ми е мило кога ќе видам дека училишните генерации кои се хранеле од нашиот “Fast Food – Snickers Grizo”  денес се успешни луѓе, некои доктори, адвокати, инжинери…Многу ми е драго кога учениците кои денес се веќе возрасни луѓе, кога ќе ме сретнат на улица со задоволство ме поздравуваат. Најверојатно јас и “Fast Food – Snickers Grizo”, на учениците во нивната младост му имаме оставено убави спомени, па затоа тоа е така. Мене навистина ми е мило и драго поради сето тоа”-нагласи Грижоски.

Меѓутоа г-дине Грижоски, освен учениците, кај Вас постојано има и различна клиентела…Од млади до стари… Како успевате на едно место да ги соберете сите тие генерации?

Како што нагласив и претходно, тоа се должи на квалитетот кој што го нудиме, како и на тоа дека не штедиме при подготвување на храна за нашите муштерии, бидејќи како што напоменав и претходно, основната цел е тие да бидат задоволни, па после се она другото останато…

Вие, по повод 20 годишното постоење, денес организирате свечен коктел и забава за Вашите ценети муштерии и пријатели…Кажете ни нешто подетално за сето ова?

Да, точно е тоа како што кажавте…Денес свечено прославуваме цели 20 години успешно постоење на “Fast Food – Snickers Grizo”, па врз основа на тоа, во таа чест организирам голема забава каде освен пријатна храна за гостите, ќе има и жива музика и голем огномет, кој што ќе го симболизира нашето успешно 20 годишно постоење, а сето тоа го правам во чест на нашите муштерии кои  секојдневно се хранат и купуваат од кај нас. Прилепчани ми подарија доверба цели 20 години, а сега редно е и јас некако симболично да им се оддолжам за нивната доверба, па како резултат на сето ова ја организирам оваа забава…

На крај, што ќе изјавите за нашите многубројни читатели?

Искрено, пред се сакам Вас да Ви се заблагодарам за одвоениот медиумски простор, и за тоа што дојдовте да информирате за нашиот денешен 20 годишен јубилеј, а воедно сакам да ги поканам сите наши муштерии и сите прилепчани да бидат дел од оваа денешна прослава која започнува вечерва во 18 часот, прослава која симболично ќе го одбележи нашето 20 годишно постоење. Исто така, сакам да апелирам дека прославата ќе биде врз основа на пропишаните мерки и протоколи од страна на Министерството за здравство.

На крајот Грижоски, како добар домаќин, уште еднаш не покани на вечерашната забава која што свечено ќе го одбележи нивното 20 годишно постоење, постоење кое како резултат на нивниот квалитет и кулинарско мајсторство во брзата храна, денес “Fast Food – Snickers Grizo” претставува вистински бренд за брза храна во Општина Прилеп. Секоја чест за “Fast Food – Snickers Grizo”. Информативниот портал на STANICA.MK им посакува успешно работење и во следните 20 години, бидејќи “Fast Food – Snickers Grizo” е вистински жив доказ дека доколку на пазарот се понуди вистински квалитет, кај потрошувачите може да се создаде бренд кој што ќе трае години и години…Секоја чест мајсторе, секоја чест Грижоски…





Сподели го ова:

Слични објави