Последната недела од 2023 година ни започна со сончево и топло време
Времето денеска ќе биде сончево со мала облачност, претежно тивко и релативно топло.
Повеќе од очигледно е дека последната недела од 2023 година ќе биде проследена со сончево и топло време. Според прогнозата на УХМР, во наредните денови ќе продолжи периодот на претежно релативно, тивко и топло време, со температури до 16-тиот степен, освен по котлините каде ќе има појава на магла и пониска дневна температура.