Прилеп преку “потпис” дава ГЛАС за СПАС на Македонија!

Сподели го ова:


























Прилеп со поддршка за претседателскиот кандидат на ВМРО ДПМНЕ Гордана Силјановска-Давкова. Нашата екипа уште од 08 часот утрово беше на терен пред старата општинска зграда, а таму долги редици на прилепчани кои го даваат својот потпис за кандидатурата на проф.д-р Силјановска Давкова.

Колку за потсетување, Гордана Силјановска Давкова, вчера на Конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ со мнозинство од 444 гласа на делегатите, беше избрана за кандидат за претседател на ВМРО ДПМНЕ.

Најпрво не очекував волку голем резултат, навистина многу ми значи довербата, од срце ви благодарам рече Гордана Силјановска Давкова кандидат за претседател на Република Македонија на денешната Конвенција по изборот за официјален кандидат за претседател на државата од ВМРО-ДПМНЕ на претстојните претседателски избори.




Сподели го ова:

Слични објави