НОВА ШАНСА ЗА ПОБЕДА: Денеска на “градски” црвено-белите влегуваат во дуелот со стружани

Сподели го ова:


























По 10-дневна пауза, поради ФИФА календарот и пријателскиот меч на сениорскиот национален тим, продолжува домашниот фудбалски шампионат.

Денеска од 14 часот на Градскиот стадион „Гоце Делчев“ фудбалерите на Победа ќе бидат домаќини на лидерот на табелата и најпријатното изненадување во досегашниот шампионат Струга Трим Лум. Главен судија на мечот ќе биде Игор Иванов од Велес.

Црвено-белите пред домашната публика влегуваат во дуелот со стружани со надеж и желба да се обидат да го изненадат фаворитот и хитот на првенството. Стружани загубија во дербито со шампионот Шкупи, останаа и без првиот голман Ќосевски, па тука лежи и зголемената шанса на победашите со максимално залагање на секој избраник на Бабунски, да се оствари поволен резултат, по можност и исклучително значајна победа – истакнуваат од официјалната Facebook група на ФК Победа-Прилеп.




Сподели го ова:

Слични објави