КОЈ НА ДЕЦАТА ИМ ЈА УНИШТУВА ИГРАТА? Искршени се детските реквизити во паркот во прилепската населба “Рид”
Привитивизам и дивјаштво извршено е ноќеска врз детските реквизити во паркот на Рид. За да се откорне лизгалка од лежиштето потребна е голема сила. Откорнати и искршени се и мостовите пред лизгалките.
Украдени се и две железни порти, на третата е извиткана арматурната мрежа.
Случајот е пријавен до надлежните органи.