Секоја чест! “Универзитет Скопје” му додели ваучер од 8.000 евра на лицето кое го извади светиот крст од осветените води во Охрид

Сподели го ова:





























Универзитет Скопје упати искрени честитки до Мартин Гоџо од Варош, кој годинава по трет пат го извади светиот крст од водите на Охридското Езеро, по повод големиот христијански празник Богојавление Водици.

Како знак на поддршка и признание за неговата храброст, посветеност и почит кон традицијата, Универзитет Скопје му додели ваучер за студирање во вредност од 8.000 евра. Оваа поддршка претставува инвестиција во младите, образованието и иднината, поврзувајќи ги духовните вредности со академскиот напредок.

Универзитет Скопје останува посветен на промовирање на знаењето, традицијата и општествената одговорност, честитајќи му на Мартин Гоџо и посакувајќи му здравје, успех и светла академска иднина.




Сподели го ова:

Слични објави