ИМА ПОВРЕДЕНИ! За само неколку часа, серија на “тепачки” по прилепските улици

На 10.12.2023 неколку минути по полноќ во 00.20 часот, во ОВР Прилеп, Р.А.(23) од Прилеп пријавил дека во прилепската населба „Тризла” бил физички нападнат од страна на К.А. Истиот ден (10.12 2023) во 22.15 часот во ОВР Прилеп, С.А.(40) од Прилеп пријавил дека на ул.„Мавровска“ бил физички нападнат од Р.А.

Серијата од физички напади продолжува и понатаму, при што се случила и трета пријава за физички напад на 10.12.2023 , каде во 07.20 часот во ОВР Прилеп, О.Б.(37) од Прилеп пријавил дека кај катната гаража во Прилеп бил физички нападнат од П.Б.