Мицкоски: Зголемени плати, реален раст – Македонија се буди!

Сподели го ова:





























Зголемени плати, реален раст – Македонија се буди! – истакна премиерот Христијан Мицкоски на неговата објава на социјалните мрежи:

Од 1 април започна исплатата на зголемените плати во јавното здравство: линеарно зголемување од 2.500 денари нето за сите! Со зголемувањето во ноември, вкупното зголемување достигнува 4.815 денари, а за медицинските сестри дури 6.200 денари.

Со тоа, просечната плата се зголемува на околу 50.200 денари. Октомвриското зголемување изнесува 10.49%, а кумулативно – дури 17.18%! Со инфлација од околу 3.5%, реалниот раст за 2024/25 ќе биде околу 9.4%.

За споредба, во периодот 2021–2023 реалниот раст изнесуваше само 3.8%.

Промените се случуваат.

Македонија повторно станува ваша! – истакна Мицкоски.




Сподели го ова:

Слични објави