ПОГЛЕДНЕТЕ! Одлична вест доаѓа од прилепската гимназија

Сподели го ова:























Гимназијалците освоија едно прво и две втори места на натпреварот „Млади физичари“. Гимназијалците од гимназијата „Мирче Ацев“ – Прилеп се вратија со три освоени награди од 45 – тата Школа „Млади физичари“ која се одржа на 17 ноември во просториите на Природно – математичкиот факултет во Скопје.

   Во конкуренција од прва година под менторство на проф. Димовска Соња учениците Михаил Ѓорѓиески и Софија Димитриеска со својот експеримент „Двојната природа на светлината“ освиоија прва награда, а ученикот Андреј Вршкоски со „Прекинувач на ѓезве“ ја освои втората награда.Во конкуренција од втора година под менторство на проф. Марина Попоска ученикот Георги Николоски со експериментот „Забележување на бојата на светлината што се пропушта низ различни обоени филтри” ја освои втората награда.Учениците Софија Настоска и Ивана Атанасоска со Симулацијата за „Зелен водород како алтернативно гориво“ имаа успешно учевство на 45 –тата Школа „Млади физичари“. На натпреварот учествуваа и учениците Христијан Илиоски и Филип Темелкоски од трета година.



Сподели го ова:

Слични објави