Дури на наредната владина седница ќе се одлучува за предлог мерките за невакцинираните

Сподели го ова:




Владата вчера на својата седница донесе заклучок за препораките на Комисијата за заразни болести за нови мерки за заштита и спречување на ширењето на КОВИД-19 и за поттикнување на вакцинацијата, да донесе одлуки на првата наредна седница. Имено, претходно министерот за здравство д-р Венко Филипче на прес-конференција изјави дека оваа одлука е донесена со консензус од сите членови на Комисијата, а врз основа на епидемиолошката состојба и со цел да се намали евентуалниот притисок врз болниците, како што кажа тој, потребно е болниците да работат за сите граѓани, не само за Ковид позитивните пациенти. Според предлогот сите вработени во јавниот сектор, локалната самоуправа, сите институции за одење на работно место да прикажат потврда за најмалку една примена вакцина или да имаат ПЦР негативен тест кој ќе важи најмалку 72 часа, а ќе биде направен на сопствен трошок или ќе приложат потврда за прележан Ковид 19, не постар од 45 дена или ќе имаат потврда од лекар специјалист дека вакцината не може да ја примат, а тоа се една од оние ретки имунолошки состојби за кои ние ќе излеземе со соодветна листа на болести и специјалисти кои тие потврди ќе може да ги издаваат, соопшти пред некое време министерот Филипче.





Сподели го ова:

Слични објави