ТРАГЕДИЈА: Почина 5 годишно дете по вадење заб

Сподели го ова:


























Властите во турската провинција Бурса, ја затворија на еден месец стоматолошката клиника каде почина 5 годишно дете по вадењето на заб. Моментално ги истражуваат нејзините активности по смртта на младото момче Дениз Сонмез. Родителите на момчето, Елена и Ајдин Сонмез, во полиција изјавиле дека на 10 ноември го однеле детето на преглед во приватна стоматолошка амбуланта – при што таму му бил констатиран кариес. Лекарите извадиле еден заб под општа анестезија и ставиле пломби на четири заби.

За време на прегледот 5 годишното дете почнало да крвари, да му се покачува температурата и да се тресе, меѓутоа и покрај тоа лекарите само му препишале лекови. Набрзо состојбата на детето се влошила и родителите го однеле во тамошната државна болница, меѓутоа лекарите не успеале да го спасат. Ова пет годишно детенце починало на 13 ноември од откажување на повеќе органи – поради недостаток на кислород.

Тамошното обвинителство започна истрага.




Сподели го ова:

Слични објави