НИ ДОАЃА ЦВЕТНИЦИ: Денот кога Претечевиот храм украсен со палмови гранки и послан со зеленило, духовно и литургиски го пречека и му се поклони на Царот кој дојде да пострада и да седне на престолот на славата
Во недела православните христијани го празнуваат Цветници, денот кога Кроткиот и Смирениот по срце, Христос нашиот Бог, смирено влегува во градот Ерусалим седнат на осле – Оној пред Кого треперат Херувимите и сите небесни воинства. Децата еврејски, вдахновени од Светиот Дух, радосно ги постилаат своите облеки и палмови гранки, пречекувајќи го како Цар Израилев и извикуваат: Осана во висините, Благословен е Оној Кој доаѓа во името на Господа!
За многу години!