Под менторство на наставничката Маја Бунтеска, нејзиниот ученик Борјан Ѓорчески го освои првото место на Меѓународниот поетски конкурс на Литературната манифестација „СРЕДБИ ПОД ЈАВОРИТЕ-ВИДОЕ ПОДГОРЕЦ“ 2022

Се што е квалитетно и достојно за почит – треба да се поздрави, а посебно кога станува збор за учениците од Прилеп и прилепско, кои оваа година достигнуваат врвни резултати на повеќе образовни полиња и области. Имено, под менторство на наставничката Маја Бунтеска, нејзиниот ученик Борјан Ѓорчески го освои првото место на Меѓународниот поетски конкурс на Литературната манифестација „СРЕДБИ ПОД ЈАВОРИТЕ-ВИДОЕ ПОДГОРЕЦ“ 2022.
Ѓорчески, на овој меѓународен конкурс пишуваше на тема: “Што е тоа росата”, и го освои првото место. На ваков начин преку убавината на творење и пишување, и преку негувањето на пишаниот збор, може да се освои и целиот свет, бидејќи како велат: “Убавиот – пишан збор, челични врати отвора”
Веднаш откако беше објавено дека Борјан Ѓорчески го освои првото место на Меѓународниот поетски конкурс, неговата наставничка Маја Бунтеска, не ја криеше радоста за овој голем успех на Борјан, при што искрено од срце, му го честита првото освоено место:
“Честитки за освоената ПРВА НАГРАДА на мојот ученик Борјан Ѓорчески на Меѓународниот поетски конкурс на Литературната манифестација „СРЕДБИ ПОД ЈАВОРИТЕ-ВИДОЕ ПОДГОРЕЦ“ 2022!!”-истакна Бунтеска.
Колку за потсетување, право за учество на овој конкурс имаа сите ученици од основните и средните училишта, како од нашата земја-така и пошироко. Информативниот тим на “STANICA.MK”, упатува искрени честитки до Борјан и неговата наставничка Бунтеска, со желба да продолжат по овој пат, и преку нивниот труд да го претставуваат нашиот град како литературен извор од кој извираат голем број на успешни ученици, кои преку нивниот тален го негуваат нашето литературно творештво.
