Најава за следно 8-коло од “ПИНГ-ПОНГ БИЗНИС ЛИГАТА-ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА”

Градот Прилеп, одсекогаш бил спортски град, град кој што постојано ги спојувал речиси сите видови на спортски активности. Благодарение на Златко Рикалоски, Прилеп може да ужива и во пинг-понг натпреварите преку “ПИНГ-ПОНГ БИЗНИС ЛИГАТА-ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА”, каде што преку пинг-понг натпреварите може да се почувствува оној пинпонгарски спортски дух, кој што со себе го носи овој вид на спорт. Пинг-понгот спаѓа во оние најмасовни индивидуални спортови во светот. Не постои дел од земјината топка каде не се одвива спортската борба за победа во “играта со мало топче и рекети”. Преку “ПИНГ-ПОНГ БИЗНИС ЛИГАТА-ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА” љубителите на спортот од нашата земја и пошироко, може да уживаат во овој спорт кој што содржи таква спортска активност која исклучително бара многу, и за истата е потребна голема врвна кондиција, брзи рефлекси како и максимална концентрација. Пинг-понгот спаѓа во оние најмасовните индивидуални светски спортови во светот, а за да сето ова се постигне, голема улога има одиграно популарноста на пинг-понгот во Кина, додека пак голема улога за развој на пинг-понгот во нашата земја заслужна улога има прилепчанецот Златко Рикалоски, кој што е голем вљубеник во пинг-понг натпреварите, и постојано превзена конкретни мерки и чекори за развој на пинг-понгот како во Прилеп, така и во нашата земја. Во прилог погледнете ги резултатите од седмото коло од “ПИНГ-ПОНГ БИЗНИС ЛИГАТА-ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА”, како и табелата на оние екипи кои што ќе учествуваат во осмото коло на “ПИНГ-ПОНГ БИЗНИС ЛИГАТА-ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА” која што ќе започне оваа сабота-26 февруари 2022 година.