Јовчески: За најсреќните скокачи кои ќе го фатат крстот ќе бидат обезбедени пригодни подароци доделени од Локалната Самоуправа на Општина Прилеп

Сподели го ова:


Во среда на 19.01.2022 во 09:30 часот во црковниот двор на светото фрлање на крстот ќе учествуваат неколку дечиња и со тоа ќе се задржи симболиката на овај голем празник, но воедно и ќе се запазат рестриктивните мерки и препораки да нема голема масовност. Градоначалникот Борче Јовчески ќе присуствува на светиот чин во црквата. Во однос на овој голем христијански празник, денеска прилепскиот градоначалник Јовчески истакна: “Сакам да ве известам дека по повод верскиот празник Богојавление – Водици во среда (19.01.2022) светото фрлање на крстот ќе се одржи во 15 населени места и во градот Прилеп. Спуштањето на светиот крст во градот Прилеп ќе се одбележи симболично во дворот на црквата Св.Благовештение (Стара Црква), каде ќе скокаат неколку дечиња. Овој настан ќе се одржи со почеток во 09:30 часот. За најсреќните скокачи кои ќе го фатат крстот ќе бидат обезбедени пригодни подароци доделени од Локалната Самоуправа на Општина Прилеп”-нагласи Јовчески.





Сподели го ова:

Слични објави