Важно известување за учениците од ООУ “Блаже Конески” и ООУ “Добре Јованоски” – Прилеп
Понеделник, 01.09.2025 година ќе започне новата 2025/26 учебна година. За учениците, нема подобра алтернатива од настава во училница, бидејќи само така ќе стекнат повеќе и поквалитетни знаења, а интеракцијата со врсниците и со наставниците е од големо значење за нивната социјализација и правилен психофизички раст и развој.

Во прилог, погледнете ги распоредите на смени кои се однесуваат за учениците од ООУ “Блаже Конески” и ООУ “Добре Јованоски” – Прилеп.



















