ФИНАЛЕ: Во недела, на 05.06.2022 е реванш натпреварот во Прилеп во пинг-понгарската сала ДТВ “Партизан” со почеток во 11 часот
Оваа сабота на 04.06.2022 година со почеток во 11 часот во салата “Македонски бранители” во Крива Паланка, ќе се одигра првиот финален меч за шампион во “пинг-понг Супер лигагата”, против екипата на “Крива Паланка 2007”. Екипата на прилепскиот пингпонгарски клуб “Младост 96”, е максимално спремна за одбрана на титулата, иако овие натпревари ќе бидат далеку посилни за разлика од лани кога се освои шампионската титула.
Во недела, на 05.06.2022 е реванш натпреварот во Прилеп во пинг-понгарската сала ДТВ “Партизан” со почеток во 11 часот. Имено, Стефан Костадиновиќ, Петар Костовски, Андреј Лашкоски, Александар Рикалоски, Антонио Стомнароски, кои ќе бидат предводени од тренерот Гоце Тошески, најавуваат борба за задржување на титулата во Прилеп. Отсутен од екипата ќе биде само Раиф Рустемовски. Доколку има трет натпревар, истиот ќе се одржи во Крива Паланка-наредната недела.
“Ги покануваме сите љубители на пинг-понгот и воопшто на спортот, да дојдат во недела на 05.06.2022 во 11 часот во ДТВ “Партизан” на големото финале за да ни ја дадат својата максимална поддршка за освојување на втората шампионска титула и да го проследат ова големо финале”– истакнаа за “STANICA.MK” од прилепскиот пингпонгарски клуб “Младост 96”. Посебна чест и задоволство ни е што “STANICA.MK”, како еден од двата најчитани информативни портали во регионот, постојано цела сезона информираше за оваа наша спортска прилепска гордост-прилепскиот пингпонгарски клуб “Младост 96”-спортскиот клуб кој што Прилеп го претставува во вистинско, спортско светло, онака баш како што му доликува на ваков квалитетен пингпонгарски клуб.


















