ОВА НЕ Е КРАЈ – ПРИЛЕП ДОБИВА ВИСТИНСКИ СЈАЈ: Полни езерца, бојадисани клупи, цветни алеи, како и мирис на свежо исоксена трева е сликата која доаѓа од паркот на Могилата

Сподели го ова:


























Паркот на Могилата ги очекува посетителите да уживаат во ладовина, полни езерца, бојадисани клупи, цветни алеи, мирисот на свежо исоксена трева, звукот на прскалките за наводнување, парк шума со трим патека и детско игралиште, во исчекување на новото инклузивно детско игралиште на површина од над 1000м2, за кое Швајцарската амбасада ќе донира 3.000.000,00 ден, додека Локалната самоуправа ќе учествува со 1.000.000,00 ден.

Колку е убава нашата прилепска Могила, па наш совет е денес веднаш после работа, да го посетите Паркот на револуцијата, да се опуштите од работните обврски, да уживате во денот, и во убавите сончеви спомени кои ги создава летото.




Сподели го ова:

Слични објави