ИЗМАМЕНА Е ЖЕНА! Мајсторот и зел 8.000 евра за реновирање на куќата, ама не си ја завршил работата
На 22.06.2024 во 11.20 часот во СВР Струмица, 36 – годишна жена од струмичко село пријавила дека била измамена од едно лице за повеќе од 8.000 евра.
Врз основа на пријавата, таа се договорила со лицето да работи на реновирање на нејзината куќа, по што на крајот на феврурари почетокот на март 2024 година во три наврати, додека била во странство, му ги пратила парите.
Откако се вратила видела дека работите не се завршени, а на 22.06.2024 лицето ја известило дека нема да продолжи да работи на куќата.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, а по негово документирање ќе биде поднесена соодветна пријава.