Низа активности во чест на патронот на ООУ „Климент Охридски“-Прилеп

Сподели го ова:


























По повод 8-ми Декември големиот христијански, како и патрон празник на ООУ „Климент Охридски“ се одржа свечeна програма во организација на основното училиште Климент Охридски во театарот „Војдан Чернодрински“, каде учениците заедно со наставниците и голем број на гости на сцената пред присутните, преку разни креативни музички, поетски и драмски изведби, говореа за ликот и делото на нивниот патрон. (Текстот за оваа објава продолжува веднаш после рекламното известување за новогодишната театарска претстава за деца, во НУЦК Марко Цепенков во Прилеп)

На свеченоста, по повод одбележувањето на патрониот празник на училиштето присутни беа градоначалникот на општина Прилеп Борче Јовчески и претседателот на Совет на Општина Прилеп Дејан Проданоски. Градоначалникот се обрати пред присутните гости: „Вечерва, во чест на сесловенскиот просветител Климент Охридски, основоположникот на Охридската книжевна школа, должност на сите ни е да му оддaдеме огромна почит, на неговиот лик и на неговото дело. ООУ „Климент Охридски“ е колектив со голем ентузијазам, со постојани професионални усовршувања, што се потврди и со доделување на Трето Ноемвриската награда на ваш ученик и наставник, со голем број наградени ученици и наставници преку разни училишни државни и меѓународни натпреварувања од секое поле, училиште, кое ни’ е посебно драго, бидејќи се грижи за инклузивност на сите ученици, со посебната паралелка за децата со попреченост во нивниот состав. И со право, ова училиште го носи и името на сесловенскиот правосветител, воспитувач, учител и народен просветител. Почитувани, ви посакувам во иднина дa имате уште повеќе успеси во работата и учењето и успешна реализација во воспитно-образовниот процес.“- истакна Јовчески.

„Одбележувањето на јубилејното, шеесетгодишно постоење на нашиот патрон Климент Охридски, е симбол на опстојувањето и пребродувањето на сите предизвици што биле и постоеле во сите овие минати години. Нека јубилејот ни биде поттик да кажеме кои сме и каде сме како кадар и ученици.“- истакна директорот на ООУ „Климент Охридски“, Ахил Јаков.

По повод патрониот празник на ООУ „Климент Охридски“, 8-ми Декември, градоначалникот на Прилеп Борче Јовчески, делегации од колективот на училиштето предводена од директорот, претставници од останатите училишта од општина Прилеп и ученици положија цвеќе и се поклонија пред споменикот на Климент Охридски, кој се наоѓа во дворот на училиштето, оддавајќи му на тој начин почит на сесловенскиот учител и просветител.




Сподели го ова:

Слични објави