СЕКОЈА ЧЕСТ: Утре, бесплатно кафе во “Кафе КИНО” за сите оние кои преку СМС ќе донираат за настраданите во Турција и Сирија

Сподели го ова:


























Кафе Кино целосно ја поддржува акцијата на Бифе тафталиџе за Турција и Сирија, при што утре, ќе има бесплатно кафе во “Кафе КИНО” за сите оние кои преку СМС ќе донираат за настраданите во Турција и Сирија:

Да ја поддржиме акцијата на Бифе тафталиџе, за Турција и Сирија. Утре четврток од 12ч. до 16ч. важи ова правило: Бројот е 143-400 (Телеком и А1) за помош на настраданите од земјотресот. Повикот е 100денари. Доаѓаш, пиеш кафе во Кафе КИНО додека уживаш праќаш СМС и кафето е платено. Ги предизвикуваме и другите угостители во Прилеп, на истиов начин да ја поддржат хуманитарната акција” – истакнуваат од кафе “Кино”.




Сподели го ова:

Слични објави