Јовчески: Заеднички да помогнеме на малиот Никодим, кој има потреба од нашата поддршка

Сподели го ова:






























Почитувани сограѓани,

Ве поканувам да ни се придружите на утрешната ноќна трка „Трчаме 5-ка за Никодим“, која ја организираме на 2 ноември во 19:00 часот, како дел од одбележувањето на Денот на ослободувањето на Прилеп. Оваа година, покрај тоа што го чествуваме големиот празник на нашиот град, имаме и благородна цел – заеднички да помогнеме на малиот Никодим, кој има потреба од нашата поддршка.

👉 Котизацијата за учество е 200 денари, и секој собран денар ќе биде наменет за неговото лекување. Овој настан е шанса да го покажеме нашето заедништво и хуманост, и да докажеме дека кога сме обединети, можеме да направиме многу за оние на кои им е потребна помош.

❤️ Ве повикувам сите, млади и постари, љубители на спортот и сите оние кои сакаат да придонесат, да се приклучите на трката и со своето учество да му подариме надеж на Никодим. Нека овој гест биде симбол на љубов и поддршка за сите наши сограѓани.

🤝 Да продолжиме заедно да го градиме нашиот град во духот на солидарноста и хуманоста.

☝️За трката можете да се пријавите на следниот линк:

https://forms.gle/QuDiV9ffTh3yxbRL9

Два часа пред трката, односно од 17:00 до 19:00 часот пред Камената бина ќе има кутија каде ќе може да донирате и со самата донација да го подигнете вашиот стартен број! – истакна прилепскиот градоначалник Борче Јовчески.




Сподели го ова:

Слични објави