Денеска за само 4 часа, МВР им напиша “празнична честитка” на 125 возачи на територијата на СВР-Битола

Сподели го ова:
























Денеска (08.12.2022)во времето од 10:00-14:00 на територијата на СВР Битола (Прилеп, Битола, Ресен…) спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санционирани се 125 возачи. Од нив 97 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 28 надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.

Од МВР, апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот и заедно да се придонесе за посигурни патишта.




Сподели го ова:

Слични објави