ВИДЕО – ПРОДАНОСКИ: Нашата цел е да ги стимулираме децата, да останат во нашата заедница и да придонесуваат во развојот на Општина Прилеп

Сподели го ова:


























Како што објавивме претходно, повеќе од 140 успешни и талентирани ученици денес беа наградени во Општина Прилеп. Денеска со градоначалникот го имавме најпозитивниот настан кој можеби ќе ја одбележи 2023-та година“ – истакна Претседателот на Советот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски.

Градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески и Претседателот на Советoт на Општина  Прилеп, денес на 145 ученици од Прилеп, им доделија парични награди и пофалници за освоени места на државни и меѓународни натпревари во учебната 2022/2023 година. 

„Согласно Правилникот за доделување награди на талентирани и надарени ученици кој првпат го спроведовме, на 143 наградени ученици кои учествувале на државни и меѓународни натпревари, и освоиле, прво, второ и трето место, им доделивме награди, согласно местата кои што ги освоиле. Ова е еден нов чекор, во она што сите го имаме како проблем во општество, за задржување на нашите млади. Можеби ова е само еден минимален стимул кој што го издвојуваме од Буџетот на Општина Прилеп, но верувам дека е значаен и дека ќе ги поттикне младите луѓе да имаат некаква обврска кон Општина Прилеп која што ги образува и им нуди квалитетни образовни услови, во иднина да останат и своето стекнато знаење да го имплементираат нашата заедница.

Согласно буџетот кој што го предвидовме за оваа година планиравме половина милион денари и сметавме дека бројката на наградени ученице ќе ја заокружиме на помалку од 100 деца. Но, за моја среќа,(се надевам дека нема да биде земено за зло, го надминавме тој буџет) и добивме 143 до 145 ученици, затоа што слушнавме, сега, од директорите, особено на едно средно училиште, дека деца од Олимпијада, од високо научен натпревар, се вратиле со награди. Верувајте дека како локална самоуправа нема да штедиме на вакви средства, односно нашата цел е да ги стимулираме децата, да останат во нашата заедница и да придонесуваат во развојот на Општина Прилеп“- истакна Проданоски.

Ученици кои освоиле прво (I), второ (II ) и трето место (III ) на акредитирани државни натпревари во учебната 2022/2023 година, на овој свечен чин добија награди од 7000 денари, 6000 денари и 5000 денари, додека за освоени места на меѓународните натпревари, прва награда е 9000 денари, втората 8000 денари и трета награда изнесува 7500 денари.




Сподели го ова:

Слични објави