НБРМ ја зголеми проекцијата за инфлација

Сподели го ова:


НБРМ направи умерена нагорна корекција на проекцијата за инфлација на 3,1% во однос на априлските 2,2%, а за наредната година очекува таа да изнесува вкупно 2,4%. Без разлика на глобалниот раст на цените и енергетската криза засега не се очекуваат шокови. Следната година треба да се стабилизира енергетскиот сектор во нашата земја доколку се исполнат предвидувањата на меѓународните финансиски институции. Од страна на НБРМ изјавуваат дека од нивна страна будно се следи настанатата ситуација и дека доколку е потребно ќе се интервенира со сите расположливи инструменти кое се располагање за да биде задржана макроекономската стабилност. “Будно ги следиме состојбите особено кај енергетскиот сектор и кај глобалниот раст на цените, но засега не се очекуваат шокови. Се очекува инфлацијата да остане во умерени рамки”, изјави гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска





Сподели го ова:

Слични објави