ГОЛЕМ ИНТЕРЕС ОД СТРАНА НА ПРИЛЕПЧАНИ: Денеска се одржа првата форумска сесија на Форуми во заедницата во Прилеп
Денеска се одржа првата форумска сесија на Форуми во заедницата во Прилеп. Ова е процес во рамките на проектот „Зајакнување на општинските совети“, проект кој Општина Прилеп со голем ентузијазам го прифати, бидејќи претставува одлична алатка за успешно вклучување на граѓаните во процесот на детектирање и на донесување одлуки на општинско ниво.
Благодарност до целиот тим кој што го раководи овој проект, до сите Советници, претседателот на Совет на Општина Прилеп, сите претставници на Општината, претпријатијата, граѓанските здруженија и сите кои што денес беа дел од оваа форумска сесија.
Преку оваа Програма за зајакнување на општинските совети која што е во втора фаза а финансирана од Швајцарската Влада, Министерството за локална самоуправа, Програмата за развој на Обединетите нации – УНДП, во соработка со Општина Прилеп, верувам дека ќе произлезат многу интересни идеи, предлог решенија, проектни идеи и препораки.
Сигурен сум дека граѓаните на Прилеп најдобро знаат што е приоритет на нашата заедница и преку ваквите прилики, ќе донесат конструктивни и правилни идејни проекти, кои што како Локална самоуправа ќе ги реализираме со цел за поквалитетен живот на сите во заедницата.Вклучување на граѓаните во процесот на одлучување само придонесува кон зголемување на транспарентноста и кон поголема соработка и граѓанско учество во општините. Со тоа се јакнат капацитетите на сите вклучени страни кои се залагаат за подобрување на животот на луѓето во заедницата. Нашата задача како носители на одлуки е да создаваме партнерства на локално ниво, a токму тоа преку овие средби и форумски сесии го остваруваме благодарение на вас, нашите партнери – истакна Јовчески.