Нова сензорна соба во ООУ „Гоце Делчев“-Прилеп


Нови можности за подобрување на способностите на децата со типичен и атипичен развој, со новата сензорна соба во ООУ „Гоце Делчев“ во Прилеп, прва во градот во рамки на проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“, финансиран од Европската Унија.
Стручната служба и наставниот кадар во ова катче ќе може да работат со децата и да ги насочуваат кон задачите и полесно да го одржуваат нивното внимание, да изведуваат координирани моторни активности, самостојно да планираат и реализираат нови задачи, како и да развиваат социјални релации.
Проектот го реализира Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ заедно со своите партнери.

















