ВМРО ДПМНЕ: Владата ќе префрли неверојатни 4 милијарди денари народни пари на ЕСМ и МЕПСО за да го покрие нивното неодговорно работење и неспособноста на менаџерскиот тим

Сподели го ова:


Владата ќе префрли неверојатни 4 милијарди денари народни пари на ЕСМ и МЕПСО за да го покрие нивното неодговорно работење и неспособноста на менаџерскиот тим-велат од ВМРО-ДПМНЕ -Има јаглен само за два дена, а капацитетот на вештачките езера е доведен во состојба да задоволи само еден ден производство на струја. Што фатија запустија. За само година дена ЕЛЕМ (ЕСМ) и МЕПСО ги претворија во загубари, затоа што трошеа пари на непотистички вработувања, мебел и луксуз, наместо да го одржуваат и надградуваат електроенергетскиот систем. Поради криминалците во Власта на Заев Македонија нема доволно производство електрична енергија па затоа се трошат огромни суми народни пари за увоз. Само за три дена државата купи струја во износ од 9 милиони евра, а истата количина електрична енергија можеше да се произведе во нашите капацитети за 4,5 пати поевтино. Досега имаме добиено пет опомени од Европа заради недозволено повлекување на струја и за тоа ни претат со милиони евра казна. Тоа значи дека домашните апаши почнаа да крадат струја и од Европа. Сето ова народот ќе го плати скапо, прво преку трошење пари од буџетот, а потоа преку повисоки сметки. Владата ќе префрли неверојатни 4 милијарди денари народни пари на ЕСМ и МЕПСО за да го покрие нивното неодговорно работење и неспособноста на менаџерскиот тим. Само за споредба овие пари се колку 5,3 годишни буџети на Министерство за екологија, или 17 буџети на Министерството за култура, или 20 буџети на Центарот за управување со кризи, или 133 буџети на Инспекторат за животна средина, односно 60% од буџетот на Министерството за здравство, е нагласено во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.





Сподели го ова:

Слични објави