Градоначалникот Стевановски не мирува! Денеска ги заврши градежните активности и асфалтирањето на уште една улица во Долно Агларци

Сподели го ова:






























Општина Новаци заврши со градежните активности и асфалтирањето на уште една улица, и тоа со должина од 435 метри во Долно Агларци.Овој значаен инфраструктурен проект е финансиран од Бирото за регионален развој при Министерството за животна средина преку Програмата за развој на селата.

Проектот ќе овозможи подобра безбедност за сите жители, полесна и побезбедна секојдневна комуникација, подобар квалитет на живот и подобра инфраструктурна поврзаност.

Општина Новаци продолжува со реализирање на проекти што носат вистински промени.

Заедно градиме поубави и побезбедни села во Општина Новаци!- порача градоначалникот на Општина Новаци, Стевче Стевановски.




Сподели го ова:

Слични објави