|

Нашата прилепчанка Викторија Стојаноска со својот извонреден глас ја освојува македонската музичка сцена

Сподели го ова:
























Викторија Стојаноска, е веќе добро позната по својот одличен глас на македонската јавност. Од мала пееше речиси сите години на прилепскиот детски музички фестивал “Весели Ѕвончиња by JANA”, a сега ја освојува и македонската публика благодарение на својот голем музички талент.

Имено самата таа, долги години посветено работи на музички план, а пред извесно време оваа музичка ѕвезда, своите обожаватели ги изненади со едно убаво-пријатно изненадување, а тоа беше каверот кој го сними за песната “Јунаци са Кошара”. Меѓутоа, она што е ново од оваа наша талентирана прилепчанка е тоа што таа оваа година учествуваше на Македонското талент шоу “Нови и Млади”, каде од сите кои учествуваат таму, Викторија беше најмлад учесник, меѓутоа иако најмлад, сепак стигна до полуфиналите, што искрено е за голем поздрав.

Јас како најмлада учесничка во македонското талент шоу “Нови и Млади” кое се одржа во Охрид стигнав до полуфиналето со многу пофални зборови, но за сето тоа е заслужен мојот ментор кој ми овозможи да стасам до полуфиналето. Голема благодарност испраќам до сите кои беа во жири комисијата, и кои ми ја дадоа цела поддршка. Им благодарам на моите родители кои ми се нај голема поддршка во однос на музиката” – истакна Викторија за СТАНИЦА.МК.




Сподели го ова:

Слични објави