Битолчанец рано утрово возел “мртов пијан” низ Битола со 1,88 промили алкохол во крвта
На 26.12.2025 во 03:50 часот во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода И.А.(50) од Битола. При сообраќајна контрола на ул.„Солунска“ во Битола е сопрено патничко возило „фолксваген поло“ со битолски регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,88 промили алкохол во крвта.
По целосно документирање на случаите против нив ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.















