КУЗМАНОСКА: Еднаквите права и можности придонесуваат кон демократско и избалансирано општество што е доволен мотив за родовата рамноправност да се постави како приоритет

Сподели го ова:



















Сите активно треба да придонесуваме за унапредување на родовата еднаквост, бидејќи е клучна за демократијата и просперитетот на нашето општество. Комисијата за еднакви можности која функционира во склоп на Општина Прилеп, се залага за еднаква родова еднаквост каде што жените и мажите, ќе имаат еднакви права, можности и заштита во сите сфери на животот, пристап до ресурси, како и услов за еден севкупен развој. Имено, претседателката на У.Ж при ВМРО-ДПМНЕ Прилеп Билјана Кузманоска, која всушност е и член на Комисјата за еднакви можности при Општина Прилеп, секогаш професионално, одговорно и со голема посветеност си ја работи својата работа, па врз основа на тоа, таа денес сподели една впечатлива објава која што е целосно поврзана со нејзината неуморна и непрекината борба во однос на родовата еднаквост. Објавата на Кузманоска, ви ја пренесуваме целосно во прилог:

Предизвиците во поглед на родовата еднаквост се многубројни.





Иако се забележува одреден напредок во поглед на родовите прашања, постоечките родови јазови сеуште се длабоки и тешко премостливи.

Далеку сме од родовата еднаквост и затоа се неопходни системски промени кои водат кон унапредување на статусот на жените во општеството.

Еднаквите права и можности придонесуваат кон демократско и избалансирано општество што е доволен мотив за родовата рамноправност да се постави како приоритет.

Промените за родова еднаквост потекнуваат од сите нас!

За жал во нашето општество постојат специфични препреки во креирањето еднакви можности за жените и мажите. Секојдневно жената се бори за економска, политичка и социјална рамноправност.

Доколку постои маргинализација и дискриминација на жените, доколку постојат бариери и нееднаквост во јавниот и приватниот живот за жената, демократијата во една заедница не може да ја има.

Жените се подеднакво значајни и способни да учествуваат во јавниот живот!” – истакна претседателката на У.Ж при ВМРО-ДПМНЕ Прилеп Билјана Кузманоска.



Сподели го ова:

Слични објави