Мицкоски од Прилеп: Со гордост објавувам дека преку Министерството за одбрана успешно се реализирани два значајни договори за набавка на нова современа воена опрема – опрема која е целосно усогласена со НАТО стандардите
Денеска се изврши процес на промовирање на нова артилериска опрема и вооружување од Република Турција за македонската армија, која се одржа во касарната „Мирче Ацев” во Прилеп.
“Со гордост објавувам дека преку Министерството за одбрана успешно се реализирани два значајни договори за набавка на нова современа воена опрема – опрема која е целосно усогласена со НАТО стандардите. Ова не е само набавка. Ова е визија за Македонија како стабилна, сигурна и подготвена членка на НАТО Алијансата. Ова е порака дека државата станува сила што застанува на свои нозе.
Во рамки на првиот договор, се набавени и веќе испорачани шест хаубици – моќни артилериски системи кои ќе го засилат капацитетот на нашата Армија. Заедно со нив е предвидена и набавка на муниција со зголемен дострел, чија испорака и исплата се планирани во текот на 2026 година.
Со вториот договор, обезбедена е набавка на опрема за хаубиците – системи за комуникација и контрола на оган кои значително ќе ја зголемат огнената моќ и прецизноста на делувањето на нашите единици. Македонија мора да успее. А ќе успее само ако е силна, самостојна и сигурна” – истакна премиерот Мицкоски.