Општина Прилеп и Црвениот крст делеа вода за пиење на граѓаните во центарот на градот

Сподели го ова:





























Денес, Општина Прилеп во соработка со Црвен крст Прилеп, спроведе акција за делење вода за пиење на граѓаните и случајните минувачи во центарот на градот. Оваа активност е дел од заложбите за заштита на здравјето на граѓаните во услови на енормно високи температури.

“Поради екстремните горештини, како Локална самоуправа апелираме до сите граѓани да бидат особено внимателни и да ги почитуваат препораките на Владата и стручните служби. Препорачуваме:

– Да се избегнува престој на отворено во периодот од 11:00 до 17:00ч

– Да се внесуваат доволно течности

– Да се носи лесна и светла облека

– Постарите лица, малите деца и хронично болните да бидат под посебно внимание

Здравјето е на прво место!

Грижата за заедницата не е само обврска – таа е наша заедничка одговорност” – порачаа од Општина Прилеп.




Сподели го ова:

Слични објави