ВМРО ДПМНЕ – БИТОЛА: СДС во очај, не најде кандидат и сега го нудат Методија Куновски, потрчко и слуга на Васко Ковачевски
СДСМ соопшти дека нивен кандидат за претстојните локални избори во Битола ќе биде Методија Куновски, лицето за кое како што истакнува ВМРО ДПМНЕ е слугата на ВАСКО КОВАЧЕВСКИ!
“Почитувани битолчани, СДС во очај, не најде кандидат и сега го нудат Методија Куновски, потрчко и слуга на Васко Ковачевски, најголемиот криминалец и бегалец, со направен криминал, корупција и штета во енергетиката од милионски, незапаметени и епски размери. Овој чин на СДС покажува најмалку три факти:

– СДС нема ниту сила ниту желба ниту капацитет да се реформира и сега на битолчани им нуди обичен потрчко и слуга на најголемите штетници на македонската енергетика и најголемите пљачкаши на парите на граѓаните.
– Куновски ја води СДС како распадната редакција и беше најгласен ПРОТИВ изградбата на новиот влез во Битола,
ПРОТИВ изградба на спортски комплекс, против се што носи развој и напредок, а без при тоа да понуди било каква конструктивна идеја или проект. Но, толку може една распадната новинарска редакција.
– И трето СДС покажа дека се сосема свесни за однапред јасниот неуспех и по принципот на територијата на цела држава, го жртвуваат претседателот на Општинската организација – пардон распадната новинарска редакција.
Почитувани граѓани, ние го продолжуваме нашето сојузништво и посветено и без задршка ќе работиме за Битола и битолчани.
Во оваа прилика честитки до Методија Куновски за кандидатурата, со надеж дека од поразот на изборите ќе стекне искуство и ќе ја собере некако распадната редакција остатокот од неговата АДИТИВ ПАРТИЈА, па ќе го видиме повторно како спикер на ТВ”– се вели во соопштението на OK ВМРО-ДПМНЕ од Битола.


















