Во овој роденденски месец во НУЦК Марко Цепенков се реализираат голем број на концерти,проекции на филмови, изложби, театарски претстави..
Во ликовниот салон (фоаје) во Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп денес, четврток (14.11.2024 г.), во 18:30 часот ќе биде отворена изложба на дела од Ликовната колонија „Дрен 2024“.
Во рамките на изложбата ќе бидат претставени 30 дела од уметници од земјава и од странство кои твореа на 16. колонија „Марко Цепенков – Дрен 2024“, што се одржа од 8 до 13 август 2024 година.
Уметниците на колонијата, која се реализираше со финансиска поддршка од Министерството за култура и туризам, и годинава работеа на слободна тема, создавајќи нови уметнички дела што ќе бидат дел од богатата збирка на Центарот.
Посетителите ќе можат да ги видат делата од: Петја Ѓеоргиева од Бугарија; Небојша Станков, Среќко Здравковиќ, Јована Ѓуриќ, Немања Вучковиќ, Милица Алимпиќ Илиќ од Србија; Радица Лелова Докузовска, Александар Таневски, Светлана Попова, Суарта Луфи, Ангел Коруновски, Валентина Стеваноска и Слободан Милошески од Македонија, како и од прилепчаните Тони Чатлески, Марјан Стојаноски, Столе Дурланов и Никола Димески.
Со отворањето на изложбата и концерт на „Фиа трио“, ЦК „Марко Цепенков“ ќе одбележи 45 години од своето формирање.
Во овој роденденски месец веќе се реализираа десетина концерти, а следуваат уште концертот на октетот „Прилеп“ (15.11.2024 г.), концертот на „Пијан Славеј“ (20.11.2024 г.), проекција на филмови, изложби, театарски претстави и одбележување на 70-годишнината од издавањето на Списанието за литература, уметност и култура „Стремеж“.