Битолчанките ќе спијат на раат! Полицијата го уапси младиот битолчанец кој ги ограбуваше жените по битолските улици
СВР Битола поднесе кривична пријава против С.С.(24) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „разбојништво“.
На 29.05.2025 на две локации во Битола, пријавениот со употреба на физичка сила им ги одзел чантите на А.В.(28) и Л.М.(57), двете од Битола и им нанел повреди – информира МВР.