Уживајте во денот! Денеска ќе имаме сончево и малку посвежо време
Денеска ќе имаме сончево и малку посвежо време, со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, а дневните температури ќе се движат во интервал од 25 до 35 степени.
И утре не очекува сончево и топло време, проследено со мала до умерена локална облачност, а температурите ќе опаднат за два степени за разлика од денес, при што максималната температура утре се очекува да го достигне 33-от степен.


















