ОК ВМРО ДПМНЕ – ПРИЛЕП: Оставен ни е аманет, да продолжиме да чекориме по патот кој го трасираа со нивната саможртва за Македонија
Ако во 1991 година-пред 31 година, се гласаше ЗА самостојна и суверена држава, денеска ние како народ треба да ги чуваме и негуваме сите тие драгоцени спомени, бидејќи говорат за едно време во кое започна да се крои независноста и слободата на нашата историска земја. Тргнувајќи од ваквата мисла, и љубовта кон Македонија, ОК на ВМРО-ДПМНЕ-Прилеп, денеска свечено го одбележа денот на Независноста на Република Македонија, полагајќи свежо цвеќе на спомениците на Могилата на Непобедените, како и пред споменикот на Методија Андонов-Ченто во центарот на градот.
“Нека е честит и вековит Денот на независноста – 8 Септември, денот кој го симболизира стремежот и идејата на нашите предци, за своја независна и суеверена држава Република Македонија. Оставен ни е аманет, да продолжиме да чекориме по патот кој го трасираа со нивната саможртва за Македонија. Во време кога имаме централна власт која без трошка срам и достоинство, тргува со националните интереси и ја распродава државата, во време кога постојат обиди за уцени и асимилација од бугарската страна, мора да застанеме цврсто и да бидеме обединети во заедничката борба за зачувување на она што ни е оставено како наследство.
Честит празник!
Да живее Република Македонија!” се истакнува во честитката од ОК на ВМРО-ДПМНЕ-Прилеп, упатена до граѓаните на оваа наша, мила, вековна и историска Македонија!