Медената хероина Атиџе Муратова денеска во Прилеп

Денеска, здружението за рурален развој Локална Акциона Група АГРО ЛИДЕР-Кривогаштани по повод одбележувањето на 15ти Октомври – Меѓународниот ден на жените од руралните средини, во големата сала на Општина Прилеп одржа конференција на тема “Целите за одржлив развој во обезбедување на родова еднаквост, пристап до права и можности за жените од руралните средини”.

На конференцијата свое обраќање ќе имаше Атуџе Муратова – нашата хероина од филмот “Медена земја”, која го привлече вниманието на присутните во салата. Освен Атиџе, свој говор имаа и Марина Тошеска од ЛАГ АГРО ЛИДЕР, Кире Миловски и советникот во општина Прилеп Александра Сваќароска која доаѓа од Комисијата за еднакви можности на Општина Прилеп.
















